Собрание

Комисија за политички систем ќе расправа за формирање анкетна комисија за случајот „Онкологија“

15.09.2023 09:05

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог – одлука за основање на анкетна комисија за случајот „Онкологија“...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог – одлука за основање на анкетна комисија за случајот „Онкологија“ по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага.

Формирањето на анкетната комисија е со потписи на 20 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која минатата недела достави барање со Предлог – одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Предлог-одлуката содржи осумчлена и со неа се предвидува основање анкетна комисија за, како што се посочува во документот, „анализа на сите документи во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија со цел утврдување на политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата“.

Како што стои во предлогот на опозициските пратеници, анкетната комисија треба да ја утврди хронологијата на настаните и околностите во врска со надлежноста на оваа Комисија, ќе ја дефинира политичката одговорност и ќе утврди прекршувања на уставни и законски одредби од страна на Собранието, треба да утврди дали со овој скандал на ЈЗУ Универзитет биле загрозени основните човекови права на пациентите коишто се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО системот за подготовка на цисостатиците. Потоа анкетната комисија ќе изготвува извештаи кои ќе се доставуваат до Владата на Република Македонија, Државната Комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Јавното обвинителство на Република Македонија.