Фестивал
„Звукот на Скопје“ вечерва на сцените на плоштад „Мајка Тереза“ и паркот „Ибни Пајко“
15.09.2023 09:37
Во рамките на фестивалот, на големата сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, кои сè уште ја бараат довербата на публиката...

Денеска на сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и во паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи фестивалот „Звукот на Скопје“ во организација на Културно-информативниот центар. Фестивалот е дел од проектот „Скопје-кандидат за европска престолнина на културата 2028“.
Во рамките на фестивалот, на големата сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, кои сè уште ја бараат довербата на публиката. Предвиден е и кулпарк пред КИЦ, а во продажниот салон на КИЦ ќе има изложба на фотографии.
Ќе настапат „Фолтин“, „Natalee“, „Siz“, „Кем“, „Dimish“, „Zanadu“ и „Стој, после!“.
