Србија
Објавен документ во кој се бара формирање на ЗСО
15.09.2023 09:44
Советникот на премиерот на Косово, Јетон Зуљфај, на својот „Твитер“ профил, објави документ за кој тврди дека на средбата во Брисел на Вучиќ и Курти им го презентирале посредници во дијалогот...

Советникот на премиерот на Косово, Јетон Зуљфај, на својот „Твитер“ профил, објави документ за кој тврди дека на средбата во Брисел на Вучиќ и Курти им го презентирале посредници во дијалогот, пренесуваат косовски медиуми.
Документот е насловен – „Опција а1 – прва заедница на општините со српско мнозинство и потоа натамошни дискусии“. Во него се наведува дека до крајот на март, менаџерскиот тим со поддршка на ЕУ ќе го претстави првиот нацрт-статут за заедницата на српски општини, по што ќе следуваат преговори.
Овој нацрт-план Приштина го отфрли.
