Украина

Зеленски: Посебна благодарност до службата за безбедност

15.09.2023 09:44

Украинскиот претседател Зеленски го поздрави уништувањето на рускиот систем за воздушна одбрана од страна на Украина...

Украинскиот претседател Зеленски го поздрави уништувањето на рускиот систем за воздушна одбрана од страна на Украина на анектираниот полуостров Крим.

„Треба посебно да се пофали целиот персонал на службата за безбедност на Украина и нашата морнарица. Ви благодарам за триумфот – уништувањето на окупаторскиот систем за воздушна одбрана на земјата на нашиот Крим. Тоа е многу значајно достигнување“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.

Зеленски планира да го посети Вашингтон по планираниот говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Планирана е и средба со американскиот претседател Бајден.