Либија
Размерот на катастрофата во Либија е шокантен
15.09.2023 09:49
Според портпаролот на генералниот секретар на ОН, Дујариц, цели населби се избришани од картата, илјадници загинале...

Размерот на катастрофата од поплавите во Либија е шокантен. Според портпаролот на генералниот секретар на ОН, Дујариц, цели населби се избришани од картата, илјадници загинале, десетици илјади се без покрив над главата, а многумина се исчезнати.
Распореден е тим за поддршка и ресурси, во координација со либиските власти.
