Велосипедизам

Уран не попушта

24.05.2014 17:43

Учесниците на Џиро Д, Италија ја извозеа 14-та, исклучително возбудлива етапа. Победи Италијанецот Енрико Бастаљин! Низ големи искушенија минаа велосипедистите во 163-те километри од Аљие до Оропа делница со неколку ридски цели од прва категорија. Победникот се решаваше во послените десетина метри во кои со пбеднички амбиции влегоа Италијанецот Дарио Каталдо и Колумбиецот Пантано Гомез. Но, упорниот Батаљин имаше повеќе сили и прв мина низ целната линија. Ова му е осма победа во каариерата, прва на годинешниов Џиро.

Учесниците на Џиро Д, Италија ја извозеа 14-та, исклучително возбудлива етапа. Победи Италијанецот Енрико Бастаљин! Низ големи искушенија минаа велосипедистите во 163-те километри од Аљие до Оропа делница со неколку ридски цели од прва категорија. Победникот се решаваше во послените десетина метри во кои со пбеднички амбиции влегоа Италијанецот Дарио Каталдо и Колумбиецот Пантано Гомез. Но, упорниот Батаљин имаше повеќе сили и прв мина низ целната линија. Ова му е осма победа во каариерата, прва на годинешниов Џиро. Втор беше Каталдо, а трет Пантано Гомез, сите со исто време.

Но, победничката тројка не ги загрози позициите на водечките велосипедисти кои ја бијат битката за завршните почести. И натаму розовата маичка ја носи Колумбиецот Уран со 32 секунди предност пред Австралиецот Еванс и Полјакот Мајка, кој заостанува за 1 минута и 35 секунди. Утре ќе се вози 15-та етапа од Валденго до План ди Монтекампиони.