Скопје

Почнуваат Деновите на германскиот филм

15.09.2023 10:41

Со црната комедија-драма „Следната врата“ во режија на германскиот актер Даниел Брил, вечер во Кинотеката во Скопје...

Со црната комедија-драма „Следната врата“ во режија на германскиот актер Даниел Брил, вечер во Кинотеката во Скопје ќе бидат отворени Деновите на германскиот филм.

Деновите на германскиот филм ги организира Германската амбасада, заедно со Кинотеката, Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово, Домот на култура во Кавадарци и Европска куќа во Струмица и Крива Паланка.

Филмовите ќе се прикажат на германски јазик, со титлови на македонски и албански.