Изложбата „Химна сред урнатини“ во Паркот на Франкофонијата
Изложбата „Химна сред урнатини“ се навраќа кон најстариот ликовен израз на претставување на акт, познат од вазното сликарство на античкиот свет...

Во Мобилна галерија во Паркот на Франкофонијата, денес од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Химна сред урнатини“ на Ѓорги Митревски.
Изложбата „Химна сред урнатини“ се навраќа кон најстариот ликовен израз на претставување на акт, познат од вазното сликарство на античкиот свет, и не ја прикажува само еротичноста и сексуалноста на телото, туку, по примерот на антиката, го претставува телото како симбол на убавината, благородноста и плодноста.
Инаку, Ѓорѓи Митревски се занимава со фотографија, колаж, ситопечат и анимација и досега има реализирано повеќе самостојни изложби во Македонија, Босна, Германија, Франција, Кина и САД.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура.
Фото: / Министерство за култура
