Србија и Косово не се договорија, Борел за неуспехот го обвини Курти
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека не е подготвен да прифати компромисен предлог, како да се пристапи кон спроведувањето на договорот за нормализација на односите со Србија...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека не е подготвен да прифати компромисен предлог, како да се пристапи кон спроведувањето на договорот за нормализација на односите со Србија. Според него Курти не е подготвен да го започне процесот за формирање на Заедницата на српските општини, но инсистира на признавање на Косово.
По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини и е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите.
„Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија“, предупреди Борел.
Шефот на европската дипломатија рече дека компромисниот предлог на ЕУ е поддржан од пошироката меѓународна заедница, вклучително и САД.
