Скопје

Денеска почнува седмото издание на мултимедијалниот фестивал „АртАреа/Артерија“

15.09.2023 11:31

Оваа година по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје и ќе се одржува на две локации – МКЦ и Буква...

Седмото издание на книжевно – мултимедијалниот фестивал „АртАреа/Артерија“ почнува денеска.

Оваа година по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје и ќе се одржува на две локации – МКЦ и Буква.

Во тек на трите фестивалски денови ќе има три настани во секој од нив. Ќе имаме прилика да бидеме дел од пет книжевни промоции на тројца македонски и двајца странски автори, промоција на стрип, поетско читање, два музички настапи и две изложби, најави издавачката куќа Бегемот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Министерство за култура