МВР
МВР: 32 санкционирани возачи на мотоцикли
15.09.2023 11:37
Во текот на вчерашниот ден (14.09.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Во текот на вчерашниот ден (14.09.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 32 возачи.
Како што соопштуваат од МВР, од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.
