Во касарната „Јане Сандански“ во Штип одбележан Денот на вториот пешадиски баталјон
Вториот пешадиски баталјон втора година е дел од активните сили на НАТО. Дел од овој баталјон учествува во НАТО и ЕУ мисиите во Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија. Подготвен и опремен за брза реакција во воени и цивилни услови, Вториот пешадиски баталјон денес го одбележа својот ден...

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип се одбележа Денот на вториот пешадиски баталјон. На свеченоста беше истакнато дека оваа единица е воена сила со висок степен на борбена готовност и способност за брза реакција во различни ситуации.
Единицата ги негува борбените традиции на 14-та Македонска младинска народно ослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“, формирана 1944 година во село Митрашинци – Беровско која учествувала во ослободувањето на источна Македонија, Скопје и Тетово.
Се борела и во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, а најголемите загуби ги претрпела на Сремскиот фронт.
Славица Величковска
