Јацењук ги повика украинците да гласаат на утрешните избори
24.05.2014 18:04
Јацењук порачал дека бунтовниците нема уште долго да го тероризираат нивниот крај...

Претседателот на украинската преодна влада Арсениј Јацењук ги повика избирачите да излезат на гласање на утрешните претседателски избори, ветувајќи просперитет и европска иднина за земјата.
Во обраќањето до жителите на Доњецк и Луганск во кои се води борба меѓу владините сили и бутновниците, Јацењук порачал дека бунтовниците нема уште долго да го тероризираат нивниот крај.
