Скопје
Пожар во кругот на ОХИС, нема информации за горење на какви било опасни материи
15.09.2023 14:26
„Гаснењето на пожарот во ОХИС е во завршна фаза. Нема информации за горење на какви било опасни материи. Веднаш откако ќе биде изгаснат ќе имаме повеќе информации околу пожарот“, велат од ЦУК.

Во поранешната фабрика ОХИС гори дрвна маса, а има и опожарен оџак, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека по добиениот повик на единствениот телефонски број 112 ги известиле противпожарните служби.
„Гаснењето на пожарот во ОХИС е во завршна фаза. Нема информации за горење на какви било опасни материи. Веднаш откако ќе биде изгаснат ќе имаме повеќе информации околу пожарот“, велат од ЦУК.
За две недели ова е вторпат да има пожар во кругот на ОХИС. Претходно гореше сува трева зад фабриката.
