Во Струмица отворен Центар за дневен престој на деца со попреченост
Четириесетина дечиња со попреченост во Струмица добија Центар за дневен престој со индивидуален третман. Половината ќе бидат згрижени пред или после наставата, а останатите ќе добиваат индивидуален третман...

Четириесетина дечиња со попреченост ќе може да бидат сместени и добиваат индивидуален третман во Дневниот центар во Струмица каде со нив ќе работат стручни лица пред и после наставата. Министерството за труд и социјална политика ја предаде лиценцата за работа на здружението „Едупрактика“ кој во наредната година ќе им помага на дечињата со попреченост со негуватели, едукатори, рехабилитатори, логопеди
Ова е трет Центар за дневен престој на лица со попреченост со вклучен индивидуален третман во земјава, кажа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Според неа, со отворањето вакви центри се овозможува повисок степен на инклузија и напредок на децата
Центарот за дневен престој на деца со попреченост во Струмица го финансира Светска Банка Министерството за труд и социјална политика и Општина Струмица.
Ване Трајков
