Ангелова ја презема ректорската функција на УКИМ
Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт седнува на ректорската фотелја на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Системското регулирање на квалитетот на високото образование, финансирањето, нарушената автономија, нискиот буџет за наука, ниски плати на универзитетските професори-најгорливи проблеми...

Студентите кога ќе завршат со универзитет тешко се снаоѓаат на пазарот на трудот. Потребно е повеќе пракса во текот на образовниот процес. Од стопанството сметаат дека треба многу да се работи во иднина околу модерните трендови коишто се насочени кон практично образование за студентите полесно да зачекорат на пазарот на трудот. Трансформацијата на УКИМ во модерен, европски универзитет е повеќе од потребна, децидна новата ректорка на универзитетот. Уверува дека наставата и науката се основните столбови на универзитетската мисија, иновациите и трансферот на технологија се нов столб чија улога треба сериозно да се зајакне. Стратешко определување ќе биде јакнење на соработките со европските но и со другите универзитети во светот.
Министерот Шаќири вели дека сите треба да придонесат за подобри резултати во високото образование.
Отворен универзитет со европски вредности е мисијата на новата ректорка. Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт седна на ректорската фотелја на УКИМ.
Новата ректорка беше избрана за 30-ти март. Ангелова е втората жена ректорка избрана на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Ана Јосифоска-Тодоровска
