Одбојка

Италија и Полска во финале на Европското одбојкарско првенство

15.09.2023 14:57

Во првото вчерашно полуфинале Полска ја совлада Словенија 3-1, а Италија синоќа ја надигра Франција со максимални 3-0.

Во финалето на Европското машко одбојкарско првенство в сабота во Рим ќе играат домаќинот Италија и Полска, што ќе биде „реприза“ на ланското финале на Светското првенство.

Во првото вчерашно полуфинале Полска ја совлада Словенија 3-1, а Италија синоќа ја надигра Франција со максимални 3-0.

За Полска ова е трет последователен медал на ЕП на кое ја освои бронзата во 2019 и 2021.

Италија, пак, ја брани титулата освоена пред две години.