ЛИБИЈА
Илјадници загинати и десетици илјади без покрив над главата по поплавите во Либија
15.09.2023 15:00
Размерот на катастрофата од поплавите во Либија е шокантен. Распореден е тим за поддршка и ресурси, во координација со либиските власти...

Размерот на катастрофата од поплавите во Либија е шокантен. Според портпаролот на генералниот секретар на ОН, Дујариц, цели населби се избришани од картата, илјадници загинале, десетици илјади се без покрив над главата, а многумина се исчезнати.
Распореден е тим за поддршка и ресурси, во координација со либиските власти.
