Почнува Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“
Покрај македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, ќе настапат Партизан и Триумф од Србија, Клуж од Романија, Перник од Бугарија, Интер Братислава од Словачка и Ол Стар од Црна Гора.

Осум екипи од шест земји од денеска до недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе настапат на третото издание на Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“.
Покрај македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, ќе настапат Партизан и Триумф од Србија, Клуж од Романија, Перник од Бугарија, Интер Братислава од Словачка и Ол Стар од Црна Гора.
Воведните натпревари стартуваат во 10 часот, а влезот во СЦ „Јане Сандански“ е слободен.
Традиционалниот турнир се одржува во чест на легендарниот кошаркарски стратег Драган Василов – Цевка, чија страст беше работа со младите категории.
