скопје

Семејствата на жртвите во пожарот во тетовската модуларна болница денеска излегоа на протест

15.09.2023 16:09

Семејствата на 14-те лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово денеска излегоа на протест. Не се задоволни од досегашната работа и постапките на Обвинителството...

14 жртви, нула дена затвор, со овие зборови ги продолжија протестите семејствата на 14-те луѓе кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово-една од најголемите трагедии во државата. Се движеа од споменикот „Скендербег“ до Јавното обвинителство, од чија работа и постапки велат не се задоволни. Според нив, главните виновници се прикриваат.

Доколку нашите барања не се земат предвид, ќе бидеме принудени да ги радикализираме протестите, велат роднините на загинатите.

На 5-ти јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово.

Условна казна добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ослободителна пресуда добија докторот Бобан Вучевски и правното лице на клиничка болница.

 

Александра Спировска