судство
Врховен ја потврди пресудата на Апелацискиот суд за случајот „Монструм“
15.09.2023 18:25
Со оваа пресуда, Алил Демири и Агим и Африм Исмаиловиќ се осудени на доживотна затворска казна...

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на тројца од обвинетите се одбиваат како неосновани, а пресудата на понискиот суд се потврдува во целост. Со оваа пресуда, Алил Демири и Агим и Африм Исмаиловиќ се осудени на доживотна затворска казна. Со ова пресудите стануваат правосилни.
Претходно, Апелацискиот суд ги осуди Хаки Азири на затворска казна од 9 години, а Фејзи Азири на 15. Единствено ослободителна пресуда доби обвинетиот Сами Љута.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ останаа недостапни за кривичниот прогон.
Петкратното убиство кај Смиљковското Езеро се случи на 12-ти април 2012 година.
