Македонија

Претседателот Пендаровски се обрати по повод возобновување на „Клубот на одговорни бизниси“

16.09.2023 09:09

Возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ е со цел обединување на бизнисите заеднички да практикуваат општествена одговорност во соработка со граѓанските организации, што претставува значаен двигател на одржливиот развој на општеството...

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати по повод возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ на здружението „Конект“, што се одржа под негово покровителство, а како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

Возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ е со цел обединување на бизнисите заеднички да практикуваат општествена одговорност во соработка со граѓанските организации, што претставува значаен двигател на одржливиот развој на општеството, и истовремено нуди можност за унапредување на улогата на бизнис лидерите како активни чинители за позитивни промени во нивните заедници.

На настанот се обратија и претставничката на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл и извршната директорка на здружението „Конект“, Никица Кусиникова.

Им посака добредојде на овој навистина значаен настан. Имено, станува збор за обновување на Клубот на одговорни бизниси кој, меѓу другото, има задача да им помага на бизнис лидерите да ги унапредуваат своите практики за општествена одговорност и филантропија, со што, даваат придонес кон одржливиот развој и прогрес на пошироката заедница во која тие и самите живеат, рече пртседателот.

Обновувањето на клубот е во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, кој има за цел јакнење на правните и институционалните системи кои ја поттикнуваат културата на филантропијата и хуманизмот. Корпоративната одговорност е специфика на секоја сериозна компанија. Во развиените земји во светот традицијата на корпоративна одговорност и филантропија е длабоко втемелена во основните постулати на делувањето на бизнис заедницата и од неа има корист целото општество. За жал, тоа што во развиените земји е долга традиција, кај нас сè уште е во почетните фази од развојот и оттука, навистина е потребна сета можна поддршка на овие процеси. Верувам дека целите на проектот „Партнерства за донирање“.

На Клубот на одговорни бизниси, им посака успех во работата и реализација на зацртаните цели, за општото добро на сите нас, стои во соопштението од Кабинетот.