Европа гласа!

24.05.2014 18:33

Над 400 милиони граѓани со право на глас од земјите-членки на Европската унија од четвртокот започнаа со гласање за избор на новиот состав на Европскиот парламент. Резултатите од изборите нема да бидат соопштени пред 23 часот по средноевропско време на 25 мај. Испитувањата ги даваат народните партии за фаворити, но евроскпетиците и еврофобите се најавува дека ќе освојат една четвртина од пратеничките места...

Мултимидиумска кампања реализирана од Европскиотпарламент, предизборни митинзи на шефовите наполитичките партии насекаде во 28 земји членки на Европската Унија, но констатацијата е поразувачка,изборите не ги интерсираат многу европјаните.

За 30 години бројот на тие што не гласаат се зголемизод 39 на 59%.  За утре се очекува околу 60% абстанционисти. Последните испитувања на намерите на гласачите, гидаваат Народните партии –победници со 217европратеници, веднаш пред социјалистите со 201.

Но, тоа што загрижува е дека една четвртина одседиштата ќе заминат за еврофобите, евроскептиците,крајната десница или крајната левица, односно двапати повеќе во споредба со 2009 година. Тоа што изборните плакати на крајната десница во Франција се искинати, не значи дека Националниот фронт ја губи поддршката кај избирачите.

Испитувањето исто така јасно покажува дека ниту еднаполитичка група нема да има апсолутно мнозинство воЕП, што ќе се одрази и при изборото на неговиотпретседател, а потоа и за изборот на претседателот наЕвропската комисија, за што се потребни 376 гласови.

Името на идниот претседател на Европската комисија треба да се бара меѓу Кандидатот на Народните партии, луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, социјал-демократот од Германија Мартин Шулц, белгискиотлиберал Ги Верховстад, германската еколгистка Ска Келер и претставникот на радикалната левица – гркот Алексис Ципрас, чија дебата за прв пат беше пренесувана во сите земји членки на Европската Унија.

Европскиот парламент кој утре ќе излезе од урните ќе биде повеќе евроскептичен и еврофоб, со тоа и помалку расположен за проширувањето на ЕУ.

 

Тони Гламчевски