Велес

Младите образовани а невработени лица од вардарскиот регион, добија простор каде можат да ги реализираат нивните идеи и проекти

16.09.2023 15:20

Проблемот каде да ги реализираат сопствените идеи и проекти, младите невработени лица од вардарскиот регион, добија можност во објект „Хаб“ чија изградба ја финансираше ЕУ...

Младите образовани кадри кои се невработени, се сретнуваат со сериозен проблем. Каде и како нивните идеи и планови да ги реализираат, да ги остварат, да бидат реалност. Во Велес напуштен стар објект, се реновираше, преадаптираше и стана место каде може да се врши обука за овие лица.

Во Вардарскиот инвестициски хаб, каде посетителите на обуката се млади лица, млади таленти, имаат можност да ги развиваат своите идеи во ИТ индустријата добиваат поддршка за развој на нивните идеи, да отворат свои бизниси да не чекаат работа од државата или под државна капа.

На тренинг обука „Design Thinking“ учествуваат млади лица од Вардарскиот регион, кои работат на идеи за развој на туризмот. Нивните идеи ќе ги претстават пред сопственици на хотелите и сместувачките капацитети.

 

Петар Печков