Чешка

Министерот Османи на работна посета на Чешката Република

16.09.2023 12:07

Министерот за надворешни Османи е во работна посета на Чешката Република на средба со чешкиот колега Јан Липавски...

Министерот за надворешни Османи е во работна посета на Чешката Република на средба со чешкиот колега Јан Липавски. Двајцата министри изразиле задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји во изминатите три децении, со акцент на чешката поддршка за пристапниот процес на земјава во Европската унија.

Министерот Липавски изразил надеж за што поскоро усвојување на уставните измени, како единствена можност за продолжување на европскиот пат на Македонија. Ја истакнал важноста, западен Балкан што поскоро да биде дел од европското семејство. Министерот Османи, пак, изразил благодарност до Чешката република поради повикот до институциите на Европската унија да преземат јасна агенда за забрзана интеграција на државите од западен Балкан.