МНР

МНР: Тројца руски дипломати во земјава се прогласени за „персона нон грата“

16.09.2023 13:02

Во Министерството бил повикан рускиот амбасадор во земјава и му била врачена дипломатска нота со која тројца дипломати во руската амбасада биле прогласени за непожелни во земјава.

Од МНР потврдуваат дека тројца руски дипломати во земјава биле прогласени за „персона нон грата“. На 12-ти септември во Министерството бил повикан рускиот амбасадор во земјава и му била врачена дипломатска нота со која тројца дипломати во руската амбасада биле прогласени за непожелни во земјава.

Од МНР велат, ваквата одлука е донесена по добиените информации од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

За Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни е „неодговорен и непријателски чин“ и најавува дека нема да остане без одговор.