Гласни препукувања меѓу партиите, уставните измени во фокусот
Амнестијата, кривичниот законик, уставните измени остануваат во фокусот на партиските препукувања. СДСМ инсистира на уставните измени. На иста линија се и ЛДП, велат предвремените избори нема со магично стапче да ги решат проблемите. ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат претседателот Пендаровски кој од него барал да потпише амнестија и за кого...

Политиката и во викенд со препукување меѓу политичките чинители. Амнестијата, кривичниот законик, уставните измени остануваат во фокусот. Секој со своите ставови не отстапувајќи од веќе кажаното. Владејачката СДСМ инсистира на уставните измени, поткрепувајќи го тоа со податок дека со влезот во Европската унија во првите 5 години од членството работниците ќе имаат повисоки плати од 70 до 100 проценти.
Коалицискиот партнер во владата, ЛДП со идентичен став дека уставните измени се потребни за целокупен развој на државата. Предвремените избори нема со магично стапче да ги решат проблемите, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот не за уставни измени под бугарски диктат. Негодуваат за намалените казни во казнениот законик, но и бараат одговор и од претседателот Пендаровски кој тоа од него барал да потпише амнестија и за кого.
Уставните измени чекаат изгласување кога за тоа ќе се направи мнозинство во Парламентот. Дотогаш остануваат гласните препукувања и преписките.
Миле Ристески
