Прилеп

Прилеп: Протест за здрав воздух

16.09.2023 15:25

Прилепчани денеска на протест и едночасовна улична блокада во близината на фабриката „11 Октомври“, кај погонот Ламинати. Остро реагираат – да се открие и санкционира виновникот што еден месец им го загрозува здравјето со тешки миризби. Не прифаќаат, според нив, паушални и манипулативни наоди од локалните инспекциски служби. Во прилепската болница потврдуваат дека токму поради тоа има зголемен број пациенти што се жалат на проблеми со очите...

Да се откријат причините за едномесечната тешка миризба во вечерните и ноќни часови во Прилеп која влијае на здравјето на граѓаните и виновникот да сноси одговорност побараа прилепчани на протестот и едночасовната блокада кај фабриката „11 Октомври“ пред погонот Ламинати.

Инспекциските служби во локалната самоуправа соопштија дека пожарникарите за 20-тина дена интервенирале 12 пати на гаснење пожари во кругот на фабриката „11 Октомври“. Од последниот пожар со непријатна миризба земени биле примероци за анализа. Граѓаните не веруваат и сметаат дека се изманипулирани. Бараат да се лоцира виновникот.

И невладините бараат брзи одговори. Пријавиле и кај народниот правобранител.

Во прилепската болница потврдуваат дека последниот период зголемен е бројот на пациентите кои се жалат на проблеми со очите токму поради миризбите и тешкиот воздух.

 

Елизабета Митреска