Вселена

Со руско летало еден Американец и двајца Руси полетаа на Меѓународната вселенска станица

16.09.2023 16:45

На земјата противници, во вселената обединети. Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало до Меѓународната вселенска станица. Им се придружија на седумте астронаути каде што со заеднички сили ги продолжуваат научните истражувања...

На земјата разединети, во вселената сложни и обединети. Двајца руски и еден американски астронаут од космодромот во Казаксан пристигнаа во Меѓународната вселенска станица. Треба да ги заменат нивните колеги кои веќе една година престојуваат во вселената, откако нивната мисија беше продолжена за уште шест месеци, поради дефектот на капсулата сојуз. Едните се среќни што пристигнале, другите што конечно ќе имаат можност да заминат дома.

„Прекрасно е да се биде единствено нешто што е подобро да се види планетата земја за првпат и вселенската станица е доаѓањето низ овој тунел за да ги видите овие луѓе овде“, изјави Лорал О’хара – астронаут.

„Му благодариме на тимот на НАСА и на Роскосмос што го донесоа „Сојуз 70“ до овде со нас, со нетрпение очекуваме да им ја покажеме станицата. Убедени сме дека и тие ќе имаат фантастична мисија“, рече Френк Рубио – астронаут.

Ова е прв вселенски лет на космонаутите О’хара и Чаб, но командантот на мисијата Кононенко е на своето петто патување до орбитата. Откако ќе го заврши својот сегашен престој, тој ќе постави историски рекорд, со над илјада дена поминати во вселената. Космонаутите им се придружија на уште 7-те жители на Меѓународната вселенска станица каде што со заеднички сили ги продолжуваат научните истражувања.

 

 

Маја Стојанова