Над 100 повредени, но без посериозни штети од земјотресот во Егејско Море

24.05.2014 18:58

Земјотресот се случил околу пладне југозападно од грчкиот остров Самотраки и во близина до турскиот остров Гокчеда и до грчкиот остров Лимнос. Поголемиот дел од луѓето се здобиле со повреди додека во паника се обидувале да ги напуштат домовите...

Во Турција најмалку сто лица се повредени во денешниот земјотрес со сила од 6,4 степени според Рихтер со епицентар во Егејското Море. Земјотресот се случил околу пладне југозападно од грчкиот остров Самотраки и во близина до турскиот остров Гокчеда и до грчкиот остров Лимнос. Поголемиот дел од луѓето се здобиле со повреди додека во паника се обидувале да ги напуштат домовите.

„Земјотрес со сила од 6,5 степени по Рихтер се случи во Егејското Море. За среќа нема потешко повредени луѓе. Полесно се повредени они што во паника скскале од балконите. Збнорувавме и со властите во Чанакале, и можам да ви кажам дека не е сериозно. На сите повредени им посакувам брзо закрепнување“, изјави Ефкан Ала, министер за внатешни работи.

Предизвикана е и значителна материјална штета, а евакуирани се и пациентите од државната болница чиишто ѕидови испукале.

„Земјотрес се случи во момент кога се обидував да излезам од дома. Паднав додека се симнував по скалите. Скршив прозорец и излегов надовр. Имам неколку исеченици“, вели еден граѓанин.

Земјотресот се почувствувал и во престолнината на Бугарија.

„Го почувствував земјотресот, не беше многу силен, но луѓето особено оние на повисоките катови се исплашија“, вели една жителка.

Во Грција пак полесно била повредена една туристка кога паднал таванот на аеродромот на грчкиот остров Лимнос. Експертите потсетуваат дека потресот се случил во реон со особено висока сеизмичка активност, кадешто во минатото се случувале земјотреси и до седмиот степен.

 

Марина Автовска