100 години македонска авијација
Првото летало – „Илинденка“ изложено на спортскиот аеродром Стенковец. Бројни посетители на големиот Аеромитинг. На јубилејот 100 години македонска авијација претставени над 30 различни воздухоплови од земјава и странство...

Бројни посетители на аеромитингот на спортскиот аеродром Стенковец. Велат желбата да се биде пилот и да се има чувството на слобода како птица е голема.
Според првиот човек на аероклубот Скопје воздухопловството не е храброст туку посветеност.
Премиерот Ковачевски, истакна дека денес на 100 годишнината од македонска авијација со гордост можеме да кажеме дека ние сме НАТО, а нашата следна дестинација е ЕУ.
Според српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, овој настан ќе ја освести меѓународната јавност кога станува збор за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.
„Илинденка“ е првата едрилица на македонската авијација направена во далечната 1955 која отворила пат за создавање серија вакви едрилици кои биле испратени ширум поранешна Југославија каде добивале самопофалби со оценки кои ги вбројувале меѓу најдобрите во светот.
Александра Спировска
