Иран

Годишнина од смртта на Махса Амини која почина во полициски притвор

16.09.2023 17:49

Иран одбележува годишнина од смртта на Махса Амини. Девојката почина неколку дена откако беше уапсена од верската полиција за кршење на строгите правила за облекување...

Иран одбележува годишнина од смртта на Махса Амини. Девојката почина неколку дена откако беше уапсена од верската полиција за кршење на строгите правила за облекување.

Според ООН, во протестите изминатата година загинаа повеќе од 300 луѓе, меѓу кои 40 деца. Активистите велат дека властите продолжиле со зголемената репресија врз Иранците пред годишнината.