МВР

Полициски службеници од СВР Скопје пронајдоа двајца малолетници пријавени дека се оддалечиле од домот

16.09.2023 18:40

Двајцата малолетници и претходно неколку пати се оддалечувале од домот и биле враќани од страна на полицијата...

Денеска во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје пронајдоа двајца малолетници кои од страна на нивната мајка М.М. денеска околу 04 часот беа пријавени дека се оддалечиле од домот.

Двајцата малолетници и претходно неколку пати се оддалечувале од домот и биле враќани од страна на полицијата. Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и малолетниците се пронајдени и ќе бидат вратени на родителите.