Фудбал

Интер со убедлива победа против Милан

16.09.2023 20:29

Интер славеше со една од најубедливите победи во градското дерби против Милан, тие вечерва беа победени со 5:1...

Интер славеше со една од најубедливите победи во градското дерби против Милан, тие вечерва беа победени со 5:1.

Интер сезонава е еден од главните кандидати за Скудетото, а тоа го покажува и со одличните натпревари на почетокот од сезоната. Оваа победа на Интер е најубедлива уште од 1974 година.

Победата Интер ја најави уште во петтата минута со голот на Микхтаријан, пред крајот на првиот дел Маркус Турам зголеми на 2:0. За Милан ова беше прв пораз во сезоната и останува на девет бода со кои е на третото место, на второто е Јувентус со 10, Интер е лидер со 12.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Facebook /Inter