Приход од репризи: Џери Сајнфелд е најбогатиот актер во светот!
24.05.2014 19:10
Се проценува дека Сајнфелд е „тежок“ околу 820 милиони долари, што според „Wealth-X“, го прави најбогат актер во Холивуд, а веројатно и во светот.

Според сингапурската компанија „Wealth-X“, која се занимава со истражување на супер богатите, Џери Сајнфелд е најбогатиот актер во Холивуд, а само минатата година заработил над 400 милиони долари и тоа само врз основа на репризите на мега популарната серија „Сајнфелд“.
Меѓутоа, ова не е првпат Сајнфелд да се споменува во овој контекст. Весникот „Индипендент“ минатата година пишуваше дека серијата, откако престанало снимањето, од правата на емитување заработила над три милијарди долари.
Се проценува дека Сајнфелд е „тежок“ околу 820 милиони долари, што според „Wealth-X“, го прави најбогат актер во Холивуд, а веројатно и во светот.
На листата најбогати актери на Холивуд се наоѓаат уште и Шах Рух, Том Круз, Тајлер Пери и Џони Деп.
