Либија

Расте бројот на жртви во поплавите во Либија

17.09.2023 09:48

Спасувачки тим од Малта пронашол стотици тела на плажа во близина на градот Дерна, кој неодамна беше погоден од силни поплави...

Расте бројот на жртви во поплавите во Либија. Спасувачки тим од Малта пронашол стотици тела на плажа во близина на градот Дерна, кој неодамна беше погоден од силни поплави, соопшти Одделот за цивилна заштита.

Се верува дека морето ги исфрлило овие тела откако бурата „Даниел“ донесе поплави и дождови, што доведе до пробивање на две брани. Досега се регистрирани над 11 илјади жртви. На земјата и се заканува хуманитарна катастрофа.

Невладините и здравствените организации предупредуваат на опасност од ширење на болести.