Украина

Продолжуваат жестоките борби на украинскиот фронт

17.09.2023 09:48

На украинскиот фронт продолжуваат жестоките борби, а во вчера беа регистрирани напади со беспилотни летала над неколку региони на Русија...

На украинскиот фронт продолжуваат жестоките борби, а во вчера беа регистрирани напади со беспилотни летала над неколку региони на Русија.

Претседателот Володимир Зеленски во саботата изјави дека „86 водечки одбранбени компании од целиот свет“ планираат да присуствуваат на првиот форум за одбранбена индустрија што ќе се одржи во Украина наесен.

„Продолжуваме да се подготвуваме за Форумот за одбранбена индустрија, прв настан од ваков вид што ќе се одржи во Украина. Интересот за форумот е многу голем. Ова целосно ја одразува силата и потенцијалот на Украина – нашата способност да се браниме самите себе и да им помогнеме на другите земји да ја зачуваат слободата и меѓународниот поредок“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

Во меѓувреме, Финска забрани влез на возила со руски регистарски таблички, а на полноќ забраната стапи на сила и во Полска. Претходно истото го сторија и балтичките земји.