Лампедуза
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во посета на Лампедуза
17.09.2023 09:49
Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти.
Рим го повика Брисел на помош по пристигнувањето на чамци со околу 8.500 мигранти за само три дена на малиот италијански медитерански остров, европското копно најблиску до брегот на Тунис.
