Формула 1

Нико останува на пол-позицијата

24.05.2014 19:24

По неколкучасовно разгледување на снимките и анализа на податоците од компјутерот, судиите решиле Нико Росберг да ја задржи пол-позицијата за големата награда на Монако. Врз основа на анализите е утврдено дека германецот немал намера да го предизвика инцидентот, односно намерно да излета од патеката што предизвика жолти знамиња и им го упропасти последниот брз круг на сите возачи зад него во битката за првото место на стартот.

Разочарувањето по квалификациите беше најголемо кај клубскиот колега на Росберг,Луис Хамилтон кој истакна дека чуствувал оти има време и брзина за освојување на пол-позицијата и дека по инцидентот веќе ништо не е важно.