Прв „Пет фест“ во Скопје, граѓаните ги изложија своите миленици
Градскиот парк во Скопје денеска претворен во зоолошка градина на отворено. Љубителите на животни можеа одблизу да се запознаа со повеќе крзнените, водните и пердувести жители на нашата планета...

Крзнени, водни, крилести видови животни во градскиот парк. За граѓаните можност одблиску да се запознаат со животните и нивната разноликост. За љубителите на животни да ги изложат своите миленици на првиот „Пет – фест“ во земјава, со цел да стане традиционален. Животните даваат беспрекорна љубов и оплеменуваат, а за возврат не бараат многу, велат сопствениците на миленици.
Милениците имаат се поважна улога во градењето на стабилноста и хармонијата во домот. Тие им овозможуваат на децата уште од најрана возраст да научат хириеархија, другарство, споделување, игра и подобрување на имунитетот, вели Илија Петковски организатор на „Пет – Фест“.
Во нашата држава има 10 соколари, еден од нив е Трајче Китановски кој 11 години се грижи за диви птици.
Во склоп на целодневната програма, децата имаат можност да се информираат преку непосреден контакт со лица чии професии се фризер за миленици, одгледувач, дресер, зоо-негувател, како и со претставници од организацијата Македонско еколошко друштво.
Александра Спировска
