Тетово

Граѓаните во Тетово незадоволни од хигиената во градот

17.09.2023 15:45

Смет околу контејнерите, по тротоарите и другите јавните површини, запуштени тревници. Комуналните проблеми во Тетово никако да се решат. Граѓаните велат дека еколошката свест е на многу ниско ниво, но и општината недоволно ја одржува хигиената во Тетово.

Од секое тетовско мало се шири смрдеа поради преполните контејнерите и отпадот околу нив.

Тетовци велат дека сметот не се собира редовно, а граѓаните фрлаат се и сешто. Низ градот ретко може да се видат комунални работници, на кои речиси една деценија им доцнат платите, поради лошата состојба на „ЈКП Тетово“, кое тоне во долгови.

Од Општина Тетово, велат дека при кај е процесот на поделба на „ЈКП Тетово“ во три правни субјекти, кое ќе го подобри стопанисувањето, а со тоа и финансиското менаџирање ќе биде попрактично. Собирањето и транспортирањето на сметот ќе биде обврска на словенечка компанија, успешна во овој сектор.

Од „ЈКП Тетово“ ќе се одвојат два правни субјекти, „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“, а Одделот за православни гробишта, „Паркови и зеленило“ и „Градски пазар“ ќе останат во склоп на старото комунално претпријатие.

 

Зоран Димовски