Македонија останува без бараж за ЕП

24.05.2014 21:05

Словенија ги урна надежите на најдобрите македонски одбојкари за обезбедување бараж за Европското првенство.

По максималната победа  над Летонија вчера, Македонија во „Стожице“ вечерва доживеја  нов пораз од Словенија на вториот квалификациски  турнир.

Како и во Полска и во Љубљана загубивме со 3-2 во сетови а водевме со 2-1(26-24, 20-25, 25-14, 20-25, 10-15 ). Избраниците на Жарко Ристовски влегоа мотивирани и одлично почнаа добивајки го првиот сет со 26-24 иако имаа и солидно водство од  20-16.

Словенците возвратија со 25-20, откако на првиот технички тајм аут водеа со 8-5, па зголемија на 16-11 и немаа проблеми до крајот за 1-1. Нашата репрезентација брзо се врати на триумфалниот колосек и убедливо го доби третиот сет препуштајки му само 14 поени на противникот.

Потоа реприза на кошмарот од турнирот во Вроцлав и пресврт. Словенците со идентични 25-20 изедначија во четвртиот сет и во решавачкиот имаа повеќе нерви и енергија па водството од 7-4 и 12-8 го претворија во конечен триумф.

Утре нашите најдобри одбојкари го завршуваат турнирот со натпревар против фаворизираната селекција на Полска.