Македонија

Акциска контрола во тетовско: Пронајдена дрога, неиздавање фискални сметки

17.09.2023 14:32

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект...

Синоќа во 01.10 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.

При контролата затекнати се четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници. На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја. Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци., стои во соопштението од МВР.