Политика

Партиите за амнестијата и кривичниот законик

17.09.2023 16:10

ВМРО-ДПМНЕ негира инволвираност во барањето амнестија кај шефот на државата, инсистираат тој директно да ги каже имињата на лобистите. Од СДСМ велат јавноста знае дека сме преговарале со опозицијата, нема пазар со правдата и судските случаи.

Опозицијата бара одговори, од власта велат дека преку уставните измени стандардот на граѓаните ќе биде поголем и постабилен. Сепак амнестијата и казнениот законик повторно во центарот на вниманието. ВМРО-ДПМНЕ негира инволвираност во барањето амнестија кај претседателот Пендаровски, инсистираат тој директно да ги каже имињата на лобистите за амнестија. Од друга страна велат дека измените во казнениот законик се за актуелната власт да си направи амнестија.

Во СДСМ, велат имало случаи кога преговарале со ВМРО-ДПМНЕ, а тие секогаш доаѓале со барање за отворање на судски случаи. Ниту сме прифатиле ниту ќе прифатиме такво нешто во иднина вели портпаролката Кузеска Богданка

Претседателот Пендаровски преку неговиот кабинет соопшти дека во два наврати, биле упатени предлози да размисли за помилување или да поддржи донесување на Закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари. Ваквите барања биле упатени од политички и безбедносни структури блиски до опозицијата.

 

 

 

Миле Ристески