Иран
Иран забрани увид на „МААЕ“ во нуклеарните постројки
17.09.2023 17:36
Меѓународната агенција за атомска енергија добила известување од Иран дека не дозволуваат инспектори да пристапат до нејзините нуклеарни постројки...

Меѓународната агенција за атомска енергија добила известување од Иран дека не дозволуваат инспектори да пристапат до нејзините нуклеарни постројки. Директорот на агенцијата ги осуди одлуките на Техеран како удар врз веќе заладените односи.
Иранското МНР објави дека одлуката е одговор на обидот на САД и три европски земји да ја злоупотребат „МААЕ“ за политички цели по состанокот во Виена.
