Украина денеска избира нов претседател

25.05.2014 10:07

Главни фаворите се независниот кандидат Петро Порошенко, кој е подржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, потоа поранешната премиерка Јулија Тимошенко од партијата Татјковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите....

Триесет и пет милиони жители на Украина со право на глас денеска избираат нов претседател на земјата меѓу 21 кандидат, од кои шестмина се сметаат дека имаат најголеми шанси за победа.
 
Главни фаворите се независниот кандидат Петро Порошенко, кој е подржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, потоа поранешната премиерка Јулија Тимошенко од партијата Татјковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите.
 
Аналитичарите проценуваат дека Порошенко би можел да победи уште во недела имајќи предвид дека многумина во сепартистичкиот регион Донбас нема да гласаат, што дополнително ги зголемува неговите шанси да биде избран за претседател во првиот круг.
 
Според аналитичарите, главни дилеми во пресрет на овие избори е дали тие би можеле да завршат уште во првиот круг, дали Москва ќе ги признае резултатите и дали тие ќе придонесат за стабилизација или уште повеќе ќе ја дестабилизираат состојбата во земјата.
 
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Москва ќе ги признае резултатите од претседателските избори во Украина. Путин, меѓутоа, изрази загриженост од условите, во кои ќе се одржат претседателските избори.