Њујорк

Претседателот Пендаровски ја предводи македонската делегација на 78. сесија на Генералното собрание на ОН

17.09.2023 20:06

Претседателот Стево Пендаровски ја предводи македонската делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во фокусот ќе бидат војната во Украина, справувањето со енергетската и економската криза, климатските промени...

Претседателот Пендаровски во петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“. Во состав на македонската државна делегација се заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Нашиот специјален известувач од Њујорк, Стојан Трпчевски