Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
18.09.2023 08:06
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне претежно во планинските региони во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, а максималната ќе достигне 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.
