Собрание
Седница на собраниската комисија за надзор над работата на АНБ и АР
18.09.2023 08:28
Ќе се разгледува информацијата за софистицираните системи Пегасус и Предатор...

Во Собранието закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. Ќе се разгледува информацијата за софистицираните системи Пегасус и Предатор. Денеска е крајниот рок до кога надлежните институции треба да достават информација за софистицираните системи, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
Во информацијата треба да се опфати и кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти.
