Скопје
Денеска пред Влада нов протест за скандалот на Клиниката за онкологија
18.09.2023 08:37
Пред половина месец инспектори и обвинители влегоа на Клиниката, одзедоа компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите...

Под мотото „Правда за жртвите“ вечер пред Владата нов протест за скандалот на Клиниката за онкологија. Пред половина месец инспектори и обвинители влегоа на Клиниката, одзедоа компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите. Од ден на ден сомнежите растат, дека на Онкологија воопшто нема евиденција за пациенти кои починале во домашни услови, а лековите наместо за пациентите завршиле на црниот пазар.
Истовремено пред Владата протест и против измените на Кривичниот законик. Во најавата преку социјалните мрежи, се повикуваат да се приклучат сите студенти, професори и граѓани.
